• сабота, 27 јули 2024

Баскет Кам прв финалист во женскиот кошаркарски плејоф

Баскет Кам прв финалист во женскиот кошаркарски плејоф
Македонска Каменица, 15 мај 2021 (МИА) - Женскиот кошаркарски клуб ,Баскет Кам од Македонска Каменица кој минатата недела триумфираше во Купот на Македонија, со убедливи 97:56 ја совлада екипата на Вардар и со 2-0 во меѓусебните дуели ја затвори полуфиналната серија во Првата кошаркарска лига. Со победата каменичанки се првиот финалист на овогодишниот плејоф во женска конкуренција. - Во својата сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, победивме со повеќе од убедливи 97:56. Тоа беше доволно да дојдеме до втора победа во полуфиналната серија на плеј-офот, и да „влеземе“ во големото финале, каде ќе го нападнеме и шампионскиот трофеј, истакнаа од стручниот штаб по натпреварот. Противниот во финалето каменичанки ќе го дознаат по одигрувањето на вечерашниот дуел помеѓу Бадел 1862, кој има предност од (1-0) во серијата со Крива Паланка. Со евентуален триумф во овој дуел, Бадел ќе се промовира во втор финалист во плеј-офот за сезоната 2020/2021, што ќе значи реприза на женското финале од Купот на Македонија. вс/зс/

Остани поврзан