Баскет кам прв финалист во женскиот кошаркарки Куп
- Во првиот полуфинален натпревар на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција кој почна денеска во Македонска Каменица, кошаркарките на Баскет кам ја оправда фаворитската улога и го совлада МЗТ Бела вода со 74-63.
Македонска Каменица, 21 февруари 2026 (МИА) – Во првиот полуфинален натпревар на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција кој почна денеска во Македонска Каменица, кошаркарките на Баскет кам ја оправда фаворитската улога и го совлада МЗТ Бела вода со 74-63.
До своето шесто куп финале во последните шест изданија, кошаркарките на Баскет Кам беа предводени од Кметовска која постигна 23 поени, а Димова и Поп Димитровска реализираа по 14 кошеви.
Алексова со 21 и Херд со 14 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Бела вода.
Во второто полуфинале од македонскиот кошаркарски Куп во женска конкуренција ќе играат Крива Паланка и Бадел 1862. ег
ФОТО: КФСМ