• недела, 22 февруари 2026

Баскет кам и Крива Паланка вечерва за трофејот во женскиот кошаркарски Куп

Баскет кам и Крива Паланка вечерва за трофејот во женскиот кошаркарски Куп

 

Македонска Каменица, 22 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарките на Баскет кам и на Крива Паланка вечерва ќе се соочат во финалниот натпревар за трофејот од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Двете водечки екипи во домашното превенство ги оправдаа фаворитските улоги во двете саботни полуфиналиња на завршниот турнир во Македонска Каменица, откако домаќинот на турнирот Баскет кам триумфираше над МЗТ Бела вода со 74-63, додека кошаркарките на Крива Паланка го совладаа Бадел 1862 со 81-45.

Финалниот натпревар во кој Баскет кам ќе се обиде да ја освои четвртата куп титула во клупската историја, а Крива Паланка својот премиерен трофеј, ќе стартува од 18 часот во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан