• среда, 25 декември 2024

Баскет Кам благ фаворит за трофејот, останатите полуфиналисти најавуваат голема борба на завршницата во кошаркарскиот куп

Баскет Кам благ фаворит за трофејот, останатите полуфиналисти најавуваат голема борба на завршницата во кошаркарскиот куп

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) – Учесниците на завршниот турнир во женскиот кошаркарски Куп на Македонија најавуваат максимална борбеност во обидот да дојдат до трофејот. 

На денешната заедничка прес-конференција во СРЦ „Кале“ во Скопје каде претстојниот викенд ќе се играат натпреварите, сите се сложни дека мал фаворит е Баскет Кам. 

- Очекувам три квалитетни натпревари и шанса љубителите на женската кошарка да уживаат. Ние како лидери на табелата треба да ја оправдаме фаворитската улога и се надевам дека на крајот ќе се радуваме, рече Жаклина Стојановска, тренер на Баскет Кам.

Во полуфиналето противник на Баскет Кам ќе биде тимот на Крива Паланка.

Капитенот на паланчанки Михаела Алексовска исто како и тренерот Виктор Петковски се оптимисти дека можат да направат изненадување.

- Верувам о нашиот тим. Сигурно ќе дадеме максимум. Ќе се обидеме да изненадиме и да ги израдуваме нашите навивачи, истакна Алексовска.

Во второто полуфинале ќе се соочат МЗТ Скопје Аеродром и Вардар.

- Би бил среќен ако салата биде полна и да направиме ова да биде празник на кошарката и женската кошарка да го подигне нивото. Куп натпреварите вообичаено, се без фаворити. За мене сепак прв фаворит е екипата на Баскет кам, барем според она што го прикажуваат сезонава. Што се однесува до полуфиналето со Вардар, очекувам добра игра. Иако ги победивме два пати сезонава, сепак тешко е да ги победиш и трет пат во низа. Затоа блага фаворитската улога му ја препуштам на Вардар. Меѓутоа, далеку од тоа дека ние ќе се предадеме, истакна Крстевски.

Предводникот на вардарки, Александар Ашаданов 

- Повикувам, не само претставници од клубовите кои ќе бидат дел од турнирот, туку и многу други, да дојдат во што поголeм број во СРЦ „Кале“. Да видат нешто ново, односно нешто неизвесно и драматично да ја пoттикнеме кошаркарската љубов кај некои млади девојчиња кои би требало да бодат дел од идните генерации. Ние како Вардар како и секоја година така и оваа атакува на трофејот, нагласи Ашаданов.

Полуфиналните средби се в сабота:
Баскет Кам – Крива Паланка (почеток 16 часот)
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар (почеток 18:30 часот).

Финалето ќе се игра в недела со почеток во 16:15 часот.

Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром. зс/

Фото. МИА

Остани поврзан