• недела, 24 ноември 2024

Барти – Кенин во првото женско полуфинале на АО

Барти – Кенин во првото женско полуфинале на АО
Мелбурн, 28 јануари 2020 (МИА) – Првиот светски рекет  Ешли Барти и 14-та носителка Софија Кенин ја сочинуваат првата полуфинална двојка на годинашното издание на Австралија опен. Ова е епилогот по денешните четвртфинални дуели во Мелбурн, на кои Барти ја совлада Петра Квитова со 7:6 и 6:2, додека Кенин беше поуспешна од Онс Жабер со 6:4 и 6:4. За Кенин ова ќе биде прво полуфинале на еден Грен слем турнир. Во другите две четвртфинални пресметки ќе се сретнат: Халеп – Контавејт и Мугуруза – Пављученкова. зс/

Тагови

Остани поврзан