• среда, 25 декември 2024

Барти го освои вториот трофејот на Мастерсот во Мајами

Барти го освои вториот трофејот на Мастерсот во Мајами
Мајами, 3 април 2021 (МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти ја одбрани титулата на турнирот во Мајами. Таа вечерва со 6:3 по првиот и 4:0 во вториот сет кој Бјанка Андреску го предаде го освои трофејот на престижниот Мастерс. Австралијката е втора по Дарија Касаткина што освои две титули оваа сезона (првата во Мелбурн). Воедно за Барти ова е јубилеен 10 трофеј на ВТА турнирите. Барти е првата тенисерка по Серена Вилијамс по шестгодишна пауза која стигнува до трофејот како прва носителка и е шестата тенисерка која успеа да ја одбрани титулата во Мајами. По овој успех, Австралијката ќе продолжи да биде лидер на ВТА ранг-листата најмалку уште еден месец - до турнирот во Мадрид, кој започнува на 3 мај. зс/

Остани поврзан