• среда, 25 декември 2024

Барти го освои вториот Грен слем турнир во кариерата

Барти го освои вториот Грен слем турнир во кариерата
Лондон, 10 јули 2021 (МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во финалето на „Вимблдон“ ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 6:3, 6:7, 6:3. За 25-годишната Австралијка ова е втора Грен слем и 12-та титула. Таа првиот Грен слем трофеј го освои на Ролан Гарос во 2019. - Ми се исполни сонот да го освојам Вимблдон. Се чувствувам неверојатно. Не ни можев да замислам дека ќе бидам волку среќна, изјави Барти. Таа стана 10-та тенисерка во историјата на Опен ера што освоила две Грен слем титули. Барти исто така стана првата шампионка на Вимблдон од Австралија по Ивон Гулагонг која победи во 1980 година. Од понеделник, Плишкова ќе се искачи на седмата позиција на ВТА ранг линија на рејтингот, додека  Барти ќе се зацврсти на лидерското место зголемувајќи ја предноста пред Наоми Осака со повеќе од 2000 поени разлика. зс/

Остани поврзан