• сабота, 16 ноември 2024

Барселона ќе направи уште еден обид да го ангажира Нико Вилијамс

Барселона ќе направи уште еден обид да го ангажира Нико Вилијамс

Барселона, 15 ноември 2024 (МИА) - Барселона следната година повторно ќе се обиде да го ангажира Нико Вилијамс, објавија денеска шпанските медиуми.

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао и Шпанија останува приоритетна цел на Каталонците во летниот преоден рок во 2025 година.

Барселона сакаше да го ангажира играчот минатото лето, но Вилијамс реши да остане кај Баскијците.

Дваесет и две-годишниот Шпанец оваа сезона во Примера дивизион на 11 натпревари постигна 1 гол и 1 асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан