Барселона ќе му понуди нов договор на Торес
- Шпанскиот фудбалски гигант Барселона сака да го задржи Феран Торес во своите редови и ќе му понуди продолжување на соработката на крилниот напаѓач, објави денеска весникот „Марка“.

Барселона, 14 март 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона сака да го задржи Феран Торес во своите редови и ќе му понуди продолжување на соработката на крилниот напаѓач, објави денеска весникот „Марка“.
Договорот на 25-годишниот крилен напаѓач истекува по завршувањето на сезоната 2026-2027, а како што наведува „Марка“, се очекува во многу блиска иднина да започнат преговорите меѓу управата на Барселона и менаџерскиот тим на Торес.
Шпанскиот весник тврди дека Торес е задоволен од својот статус во Барселона и не размислува да ја смени клупската средина.
Торес оваа сезона досега одигра 31 натпревари, од кои десет како стартер, а постигна 11 голови. ег
ФОТО: Фејсбук