• вторник, 12 ноември 2024

Барселона се надева до крајот на годината да се врати на „Камп Ноу“

Барселона се надева до крајот на годината да се врати на „Камп Ноу“

 

Барселона, 7 октомври 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се надева дека од почетокот на идната година повторно ќе може да ги игра своите домашни натпревари на својот легендарен стадион Камп Ноу, кој е во фаза на модернизација и проширување, изјави денеска портпаролката на клубот Елена Форт.

Претставниците на Барселона денеска пред новинарите прецизираа дека активно работат на враќање на „Камп Ноу“ „до крајот на годината“ со првично поставените 62.000 места, место конечните планирани 105.000.

Комплетното завршување на реконструкциските работи планирано е за лето 2026 година, кога целосно ќе биде поставен и покривот на стадионот.

Додека не заврши реконструкцијата на стадионот, Барселона е домаќин на Олимпискиот стадион Монжуик, кој се наоѓа на истоимениот рид над Барселона, а каде Еспањол ги играше своите домашни натпревари до 2009 година. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан