• среда, 25 декември 2024

Барселона сака да го продолжи договорот со Педри до 2026 година

Барселона сака да го продолжи договорот со Педри до 2026 година
Барселона, 20 август 2021 (МИА) - Барселона има намера да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Педри. Каталонскиот клубот е задоволен од напредокот на играчот од средниот ред и сака да го награди со нов договор. Осумнаесет годишниот Педри е обврзан на соработка со Барселона до 2022 година. Барселона сака да потпише договор со играчот до 2026 година под подобрени услови, што вклучува значително зголемување на платата и зголемување на висината на надоместокот, тврди „ Diario Sport“. Самиот Педри е подготвен да го обнови договорот. Неговиот агент веќе неформално разговараше на оваа тема со раководството на Барселона. Се очекува клубот да даде официјална понуда на крајот од оваа сезона. зс/

Остани поврзан