• среда, 25 декември 2024

Барселона сака да ги продаде Гундоган и Рафиња

Барселона сака да ги продаде Гундоган и Рафиња

Барселона, 17 август 2024 (МИА) - Барселона има намера да ги продаде Илкај Гундоган и Рафиња.

Каталонците се убедени дека приходите од трансферите на овие играчи би можеле значително да ја подобрат финансиската состојба на клубот. И двајцата играчи не се сметаат за клучни во проектот на Ханси Флик, исто така, тие се во поодминати години.

Рафиња одби да се пресели во клубот од Саудиска Арабија, кој понуди 65 милиони евра за него.

Со Гундоган сакаа да потпишат екипи од Саудиска Арабија и од Катар. Претходно се дозна дека Ал Сад на играчот од средниот ред му понудил тригодишен договор.

Покрај тоа, минатата недела, при гостувањето во Истанбул, играчот изјави дека нема намера да ја напушти Барселона, иако интерес за него има од Фенербахче и Галатасарај.

Што се однесува до фудбалерот со најголема плата, Френки де Јонг, тој нема да ја напушти Барселона ова лето.

Според „Sky Sport Deutschland“, новиот тренер смета на играчот од средниот ред за оваа сезона.

Де Јонг ќе остане во Барселона, и покрај фактот што неговото заминување ќе му овозможи на клубот да ја олесни клупската сметка за плати. Интерес за Холанѓанецот покажа Манчестер јунајтед, но моментално не се разговара за трансфер. Де Јонг е најплатениот играч во Ла Лига со 40 милиони евра годишна плата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан