• четврток, 26 декември 2024

Барселона остана и без Феран Торес

Барселона остана и без Феран Торес


Барселона, 7 октомври 2024 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Феран Торес ја повреди тетивата и ќе паузира на неодредено време, соопшти денеска каталонскиот клуб.
Торес ќе ги пропушти натпреварите на шпанската репрезентација во Лигата на нации против Данска в сабота и Србија следниот вторник, потврди селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте.
Медиумите наведуваат дека Торес би можел да отсуствува од шест до осум недели откако се повреди при победата на Барса од 3-0 против Алавес во неделата.
Барселона поради повреди веќе извесен период е без Дани Олмо, Гави, Фермин Лопез, Андреас Кристенсен, Роналдо Араухо и голманот Марк-Андре тер Штеген. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан