• сабота, 23 ноември 2024

Барселона на лето ќе дозволи заминување на четири играчи

Барселона на лето ќе дозволи заминување на четири играчи

Барселона, 23 март 2023 (МИА) – Лидерот во шпанското фудбалско првенство, Барселона е подготвена да се ослободи од не повеќе од четири играчи од различни линии на лето.

 

Според „As“, Каталонците нема да организираат масовна продажба за да соберат средства за засилувања. Станува збор за испраќање на еден дефанзивец, еден играч од средниот ред и двајца напаѓачи во други клубови.

 

Наводно клубот нема да го продаде Жорди Алба. Од бранителите може да го „жртвува“ Ерик Гарсија.

Барса е подготвена да се раздели и со крилните играчи Ансу Фати и Феран Торес. Во однос на првиот, во раководството има несогласување - дали таквиот чекор не би бил предвремен. Во случајот со Торес, главниот проблем е како да се добијат 35 милиони евра за него за трансферот, всушност, да не биде длабоко неисплатлив.

 

Конечно, „Блауграните“ имаат намера да го испратат играчот од средниот ред Пабло Торе на позајмица. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан