• понеделник, 29 јули 2024

Барселона му понуди договор на Вилијан

Барселона му понуди договор на Вилијан
Барселона, 31 јули 2020 (МИА) - Шпанскиот фудбалски гигант Барселона понуди договор за 3 сезони на играчот од средниот ред на Челси, Вилијан, пренесува „Скај Спорт“. Триесет и едно-годишниот Бразилец има договор со „сините“ до крајот на сезоната, по што може да стане слободен агент. Лондонскиот тим, исто така, дал понуда за продолжување на договорот на Вилијан, како и Интер Мајами, чиј сосопственик е Дејвид Бекам. Бразилецот објави дека не се брза со одлуката за својата иднина и го чека финалето на Челси против Арсенал во ФА Купот во сабота на „Вембли“. Вилијан забележа 11 гола и 9 асистенции на 47 натпревари за тимот од „Стенфорд бриџ“ оваа сезона.

Тагови

Остани поврзан