• недела, 24 ноември 2024

Барселона може да го продаде Тер Штеген на Баерн поради финансиски проблеми

Барселона може да го продаде Тер Штеген на Баерн поради финансиски проблеми
Барселона, 2 ноември 2020 (МИА) - Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген би можел да стане играч на Баерн Минхен, објавија некои шпански медиуми. Клубот од Минхен останува заинтересиран за играчот, а Барселона ќе биде принудена да се согласи на трансфер поради тешката финансиска состојба. Претходно беше објавено дека Барса може да започне стечајна постапка доколку играчите не се согласат на намалување на платите. Баерн верува дека голманот ќе може да го замени Мануел Нојер во тимот. Сумата за трансфер ќе биде околу 80 милиони евра. Дваесет о осумгодишниот Германец игра во Барселона од 2014 година по трансферот од Борусија Менхенгладбах. Во тековната сезона тој не играше поради повреда. Договорот на играчот истекува во летото 2025 година. зс/

Остани поврзан