• петок, 27 септември 2024

Барселона би можела да потпише со голманот Диого Кошта од Порто

Барселона би можела да потпише со голманот Диого Кошта од Порто

Барселона, 25 септември 2024 (МИА) - Голманот на Порто, Диого Кошта може да ја продолжи кариерата во Барселона. 

Според „Мундо Депортиво“, директорот на каталонскиот клуб Деко сака да го види 25-годишниот Португалец во тимот откако се повреди голманот Марк-Андре тер Штеген.

Германецот заработи тешка повреда на натпреварот со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига и беше изнесен од теренот на носилки.

Подоцна се дозна дека 32-годишниот Тер Штеген има руптура на тетивата на десното колено. Може да пропушти околу осум месеци. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан