• недела, 29 декември 2024

Барса му нуди на Фати еден милион годишно, тој бара 10

Барса му нуди на Фати еден милион годишно, тој бара 10
Барселона, 29 септември 2020 (МИА) - Во Барселона нема мир. Младиот напаѓач Ансу Фати, кој беше најдобар играч во победата над Виљареал со два гола (4:0), одби да ја зголеми платата од 300.000 на еден милион евра. Тој бара далеку повеќе пари. За да биде целата приказна уште посериозна и поневеројатна, талентираниот 17-годишник се потруди да му каже на славниот клуб дека сака десет пати повеќе од понуденото. Едноставна пресметка ќе доведе до импресивна бројка од 10 милиони евра, колку што Фати бара годишна плата. Сето ова го објави „Марка“, која пишува дека репрезентативецот на Шпанија е незадоволен од парите што му ги понудила Барселона, и дека бара околу 10 милиони евра за продолжување на договорот. Наводно, тој можел да добие исто колку ако заминеше од „Камп Ноу“, а за него се интересираше Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ и понудија на Барселона 150 милиони евра преку агентот Жорже Мендес, а подоцна тие ја зголемија понудата на 170 милиони евра, но каталонците реагираа брзо и го „заклучија“ Фати со нов договор и откупна клаузула од 400 милиони евра.

Тагови

Остани поврзан