• среда, 25 декември 2024

Баро се надева дека изборите во САД ќе бидат мирни , но не е убеден дека така и ќе биде

Баро се надева дека изборите во САД ќе бидат мирни , но не е убеден дека така и ќе биде

Париз, 31 октомври 2024 (МИА) – Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денеска изрази надеж дека претседателските избори во САД следната недела треба да бидат мирни, но рече дека не е сигурен дали тоа ќе биде така, пренесоа британските меидуми.

-Се надевам дека (изборите) ќе поминат мирно, но мислам дека тоа не е сосема сигурно, изјави тој за телевизијата БеФМ.

Францускиот министер за надворешни работи додаде дека доколку гласањето биде придружено со насилство, тоа би било погубно за демократијата.

Баро рече дека Франција ќе работи со американскиот претседател, без разлика дали е тоа Камала Харис или Доналд Трамп. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан