• среда, 25 декември 2024

Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова!

Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова!
Лондон, 9 декември 2020 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Џон Барнс проговори за инцидентот на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир. Средбата беше прекината поради наводна расистичка изјава на романскиот резервен судија Себастијан Клотеску кон вториот тренер на турскиот клуб Пјер Вебо. - Еве го стручниот штаб на Истанбул. Треба да се отстрани еден од нив, а судијата го прашува резервниот судија кој точно. Може ли некој да ми каже како судијата требаше да го назначи освен „Црниот“, кога судијата не ги знае имињата на стручниот штаб, а тие немаат бројки? Нема расизам ако некој со темна боја на кожата го наречеме црн. Резервниот судија не го знаеше името на тренерот. Шест од седум тренери што беа таму се Турци. Што друго имаше судијата да каже?  - напиша поранешниот фудбалер на Твитер, приложувајќи скриншот од фотографијата на стручниот штаб на тимот од Истанбул. Џон Барнс е со темна боја на кожата и е првиот фудбалер од оваа раса кој застана во одбрана на судијата Клотеску. Натпреварот ПСЖ - Башакшехир прекинат вчера во 13. минута, ќе се доигра денес со нови судии. зс/

Остани поврзан