• среда, 25 декември 2024

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

 

Лондон, 28 април 2024 година (МИА) – Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан