• вторник, 24 декември 2024

Барние: ЕУ внимателно ќе ги следи елементите на договорот во Северна Ирска

Барние: ЕУ внимателно ќе ги следи елементите на договорот во Северна Ирска
Белфаст, 27 јануари 2020 (МИА) - Европската унија многу внимателно ќе ги надгледува елементите на британскиот договор за Брегзит во Северна Ирска и нема да дозволи Лондон повторно да отвори договор „врз основа на различна примена“, изјави денеска главниот европски преговарач за Брегзит, Мишел Барние. - Договорот за повлекување мораат сите страни да го применуваат строго и дисциплинирано, истакна Барние, додавајќи дека тој не може повторно да се отвори врз основа на различна примена. Барние нагласи дека „многу внимателно ќе се набљудува неговата коректна примена“. гт/

Остани поврзан