• четврток, 26 декември 2024

Барние ќе ја претстави програмата на новата француска Влада

Барние ќе ја претстави програмата на новата француска Влада

 

Париз, 1 октомври 2024 (МИА) - Новоименуваниот француски премиер Мишел Барние попладнево ќе ја претстави програмата на неговата влада пред Националното собрание во Париз.

Барние, кој ја презеде функцијата пред три недели, состави централнодесничарска влада која нема мнозинство во парламентот и може да се соочи со гласање недоверба или од левицата или од десницата во поделениот парламент.

Поранешниот комесар на Европската унија, кој исто така беше одговорен за преговорите за условите за Брегзит, најави дека ќе бара промени во француската политика кога беше назначен од претседателот Емануел Макрон на 5 септември.

Веќе имаше остри критики на опозицијата кон владата, која главно е составена од центристичкиот табор на Макрон, и покрај победата на левиот сојуз на изборите на крајот на јуни и почетокот на јули.

Владата всушност ќе зависи од толеранцијата на екстремно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен при усвојувањето на законот.

Првиот предизвик на Барние ќе биде усвојување на буџетот за следната година под временски притисок, со францускиот долг кој далеку ги надминува насоките на ЕУ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан