• недела, 29 декември 2024

Барние: Нема услови за постигнување договор за Брегзит

Барние: Нема услови за постигнување договор за Брегзит
Брисел, 4 декември 2020 (МИА) – Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние во разговорите за излез на Велика Британија од Унијата вечерва изјави дека интензивните разговори со Лондон во моментов се прекинати бидејќи нема услови за постигнување договор. - После една недела интензивни преговори во Лондон, заедно со британскиот преговарач Дејвид Фрост, денеска оценивме дека нема услови за постигнување договор, поради значителните разлики во областите – еднакви права за сите, управување и риболов, напиша Барние на Твитер. Тој истакна дека преговорите засега се прекинати со цел засегнатите страни да бидат информирани за „состојбата на работите“. Барние најави дека претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе разговара со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон. јт/

Остани поврзан