• недела, 28 јули 2024

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис
Ла Нусија, 28 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди даде свој придонес во денешниот триумф (4:2) на Леванте над Бетис. Македонецот го постигна вториот гол за Леванте на мечот од 32. коло. За Барди ова беше четврти гол во сезоната 2019/20. Тренерот на домашниот состав во 64. минута го повлече Барди од игра за да го зачува за следните предизвици. Леванте по денешната победа се наоѓа во средишниот дел на табелата во Ла Лига и со речиси обезбеден опстанок. зс/

Остани поврзан