• четврток, 26 декември 2024

Барди поради повреда ги пропушта натпреварите со Хрватска и со Чешка

Барди поради повреда ги пропушта натпреварите со Хрватска и со Чешка

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да игра на натпреварите против Хрватска и со Чешка. 

Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува македонскиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои следуваат. 

-Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но за жал не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3. јуни во Ријека против Хрватска и на 10. јуни против Чешка во Храдец Кралове, соопшти ФФМ.

Селекторот Благоја Милевски не планира да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди.  зс/

Фото: МИА

 

Остани поврзан