• сабота, 23 ноември 2024

Барди: Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија

Барди: Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија

Торшавн, 6 септември 2024 (МИА) - Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди пред дуелот со Фарски Острови во Торшавн од 1.коло на Лигата на нациите, изјави дека сите се свесни што следи утре и направена е детална анализа за овој натпревар.

-Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу, изјави капитенот на прес-конференцијата пред дуелот.

Според него, репрезентативците не треба да бараат алиби и како и секогаш да бидат максимално фокусирани на својата игра.

-Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме, додаде Барди. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан