• недела, 01 септември 2024

Баражите за ВМФЛ од 7 до 13 јули

Баражите за ВМФЛ од 7 до 13 јули
Скопје, 2 јули 2020 (МИА) - Во Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени паровите за бараж натпреварите за пополнување на Втора македонска фудбалска лига - Запад. Сите средби ќе се играат на Градскиот стадион во Тетово во периодот 7-13 јули. Двојките се: Чаклани – Фортуна (7 јули) Чаклани – Велешта (10 јули) Велешта – Фортуна (13 јули). Последниот меч (оној на 13 јули) ќе се игра само доколку има резултатско значење, односно доколку до тогаш некој од тимовите не го обезбеди првото место на мини-турнирот. зс/

Остани поврзан