• среда, 25 декември 2024

Банките во светот годинава отпуштија најмалку 62.000 работници

Банките во светот годинава отпуштија најмалку 62.000 работници

Њујорк, 27 декември 2023 (МИА) - Во 2023 година, дваесетте најголеми банки во светот отпуштија најмалку 61.905 работници. Тоа се споредува со повеќе од 140.000 укинати работни места од страна на светските кредитори за време на глобалната финансиска криза во 2007 и 2008 година.

Како што објави „Фајненшл тајмс“, трендот на зголемена вработеност што следеше по излезот од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус е обратен.

Инвестициските банки забележаа пад на провизиите втора година по ред, бидејќи склучувањето нови зделки успори, како и првичните јавни понуди (јавни котации, понуда или продажба на нови или последователни емисии на хартии од вредност со кои се тргува на берзата).

Волстрит сега се обидува да ги заштити своите профитни маржи со намалување.

„Нема стабилност, нема инвестиции, нема раст во повеќето банки - и најверојатно ќе има повеќе кратења на работни места“, смета Ли Такер од Silvermine Partners во изјава за весникот.

Најмалку половина од глобалното намалување во 2023 година дојде од заемодавците од Волстрит, чии инвестициски банкари се мачеа со темпото на зголемување на каматните стапки во САД и Европа.

Сепак, најголемите намалувања од страна на една институција дојде во швајцарскиот UBS кога го презеде својот поранешен ривал, Credit Suisse.

Credit Suisse веќе планираше да укине 9.000 работни места, но се очекуваше UBS да скрати дополнително и побрзо бидејќи ги елиминираше дуплите позиции и затвори голем дел од инвестициската банка на својот поранешен ривал.

Во ноември, UBS соопшти дека веќе укина 13.000 работни места од комбинираната група, оставајќи вкупна работна сила од 116.000.

Втора по големина банка со најмногу кратење во 2023 година беше Wells Fargo, која овој месец откри дека ја намалила својата глобална работна сила за 12.000, на 230.000. Банката соопшти дека потрошила 186 милиони долари за отпремнини само во третиот квартал, со 7.000 кратење на работни места.

Главниот извршен директор Чарли Шарф објави дека банката издвоила дури 1 милијарда долари за дополнителни трошоци за отпремнини, што укажува на тоа дека десетици илјади работни места остануваат во опасност.

Ситигруп укина 5.000 работни места, Морган Стенли 4.800, Банката на Америка 4.000, Голдман Сакс 3.200 и JPMorgan Chase 1.000. ссм/

фото: архива

Остани поврзан