Бангладеш побара тримесечна пауза за американските царински мерки
- Шефот на привремената влада на Бангладеш, Мухамед Јунус, побара од американскиот претседател Доналд Трамп тримесечна пауза за царините наметнати на стоки со потекло од таа земја, соопштија денеска локалните власти.

Дака, 7 април 2025 (МИА) - Шефот на привремената влада на Бангладеш, Мухамед Јунус, побара од американскиот претседател Доналд Трамп тримесечна пауза за царините наметнати на стоки со потекло од таа земја, соопштија денеска локалните власти.
„Бангладеш ќе ги преземе сите неопходни чекори за целосна поддршка на вашата трговска политика“, рече Јунус во писмото до Трамп.
Тој побара пауза за Бангладеш да го зголеми американскиот извоз во јужноазиската земја. Бангладеш е познат по своето производство на облека.
Администрацијата на Трамп во неделата соопшти дека повеќе од 50 земји контактирале со Белата куќа за разговори за царинските мерки воведени од Вашингтон, предупредувајќи дека тие разговори би можеле да траат неколку месеци. рп/
Фото: МИА архива