• среда, 25 декември 2024

Бангладеш воведе полициски час и распореди војска поради студентските протести

Бангладеш воведе полициски час и распореди војска поради студентските протести

Дака, 19 јули 2024 (МИА) - Владата на Бангладеш денеска одлучи да воведе полициски час низ целата земја и да распореди војска поради протестите во земјата.

Официјалната одлука за полицискиот час ќе биде издадена наскоро, изјави прес секретарот на премиерот Наџимул Ислам Кан за Би-Би-Си Бангла.

Како што беше претходно објавено, најмалку три лица загинаа денеска кога полицијата ги растури студентските протести кои демонстрираа против владините квоти за вработување и покрај забраната за јавни собири, објавија локалните медиуми. Со тоа, бројот на загинати од почетокот на протестите се искачи на 105.

Телекомуникациите се во прекин, а каналите за информирање се затворени. Железничкиот сообраќај е прекинат низ целата земја бидејќи демонстрантите ги блокирале патиштата и фрлале цигли врз безбедносните службеници. 

Студентите повикуваат на општа блокада барајќи укинување на одлуката за резервирање квоти во јавниот сектор за децата на оние кои се бореле во војната за независност од Пакистан во 1971 година, а протестите исто така избувнаа поради незадоволството поради високата невработеност. Во Бангладеш речиси една петтина од 170 милиони жители се без работа или образование. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан