• недела, 24 ноември 2024

Балтичките земји и Полска бараат поголемо присуство на НАТО на нивна територија

Балтичките земји и Полска бараат поголемо присуство на НАТО на нивна територија
Рига, 29 април 2022 (МИА) - Трите балтички држави плус Полска, по денешните разговори на министрите за надворешни работи во Рига, повикаа на поголемо присуство на НАТО на нивна територија. Полска, Естонија, Литванија  и Летонија, на самитот на НАТО во Мадрид што ќе се одржи кон крајот на јуни, сакаат да извршат притисок за посилна заштита долж источното крило на Алијансата. - Сакаме да постигнеме постојано присуство на НАТО во балтичките земји и Полска за да можеме да се спротивставиме на какви било закани од Русија и Белорусија и да ја заштитиме секоја педа од нашата територија, истакна домаќинот на средбата, летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс. Сите четири земји од ЕУ и НАТО делат граница или со Русија, со нејзиниот близок сојузник Белорусија или со двете. На средбата четворицата министри разговараа и за можностите за понатамошна поддршка на Украина и се изјаснија за поголема испорака на оружје за Киев. Покрај тоа, тие се договорија за блиска соработка во енергетскиот сектор за што побрзо да се елиминира зависноста од руските ресурси, а исто така повикаа и на построги санкции против Русија. ми/

Остани поврзан