• сабота, 23 ноември 2024

Балотели се врати во Серија „А“

Балотели се врати во Серија „А“

Џенова, 28 октомври 2024 (МИА) - Џенова и официјално го објави привлекувањето на Марио Балотели како слободен играч. Договорот на напаѓачот е само до крајот на сезоната.

Така 34-годишниот играч се враќа во Серија „А“ каде претходно играше со Интер, Милан и Бреша.

Во италијанската елита Балотели има вкупно 141 натпревар со 52 гола и 18 асистенции. Играше и за Лумеџане, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Адана Демирспор и Сион.

Скандалозниот фудбалер е и поранешен репрезентативец на Италија за која одигра 36 натпревари со 14 голови и 5 асистенции.

Балотели ѝ се придружува на Џенова со мисија да му помогне на тимот да ги надмине проблемите во нападот и да се спаси од испаѓање. По првите девет првенствени кола, „грифоните“ го имаат вториот најслаб напад со своите седум гола, и се на 18. позиција во поредокот со 6 бода, откако забележаа една победа, три нерешени и пет порази.

Од почетокот на сезоната, голем број играчи на тимот се повредија, што на крајот доведе до трансфер на искусниот напаѓач. дс

Фото: Х/ ФК Џенова

Остани поврзан