• недела, 06 октомври 2024

Балотели се врати со гол за Монца

Балотели се врати со гол за Монца
Монца, 30 декември 2020 (МИА) – Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели вечерва успешно дебитираше за второлигашот Монца, постигнувајќи гол веќе во четвртата минута во триумфот над Салернитана од 3:0 во дерби натпреварот во Серија Б. Последен пат Балотели беше стрелец на официјален натпревар пред точно 360 денови, постигнувајќи гол на 5 јануари, на мечот меѓу Бреша и Лацио. Минатата сезона Балотели постигна пет голови за Бреша, одигрувајќи го последниот натпревар во март. Со испаѓањето на Бреша во Серија Б, 30-годишниот напаѓач долго време беше во потрага по нов клуб, се до трансферот во италијанскиот второлигаш Монца на почетокот на декември.ег/сд/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан