• сабота, 23 ноември 2024

Балони со ѓубре повторно пристигнуваат во Јужна Кореја од Северна Кореја

Балони со ѓубре повторно пристигнуваат во Јужна Кореја од Северна Кореја

Сеул, 10 август 2024 (МИА) - Војската на Јужна Кореја денеска соопшти дека Северна Кореја повторно испраќа балони „веројатно со ѓубре“ во Јужна Кореја во бизарна кампања за психолошка војна во услови на зголемени тензии меѓу двата ривали поделени со војната пред повеќе од половина век.

Здружениот генералштаб на Јужна Кореја денеска соопшти дека ветрот може да донесе големи метеоролошки балони исполнети со гас за кои се закачени ќеси за ѓубре до регионот северно од главниот град Сеул.

Градските власти на Сеул и провинциската влада на Ѓеонги издадоа предупредувања, повикувајќи ги граѓаните да внимаваат на се што паѓа од небото и да пријават доколку забележат балони.

Засега нема извештаи за штети од тоа.

Северна Кореја испрати повеќе од 2.000 балони ѓубре во Јужна Кореја во последниве недели: стара хартија, остатоци од облека, отпушоци од цигари, опишувајќи го тоа како одмазда за јужнокорејските граѓански активисти кои испраќаат пропагандни летоци против Пјонгјанг преку границата.

Севернокорејски балон со ѓубре падна во близина на резиденцијата на јужнокорејскиот претседател минатиот месец. Во ќесата под балонот немало опасен материјал и никој не е повреден, соопшти обезбедувањето на претседателот Џун Сук Јол. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан