• четврток, 26 декември 2024

Балкоски: Остануваме во владината коалиција, во моментот најзначајни се уставните измени

Балкоски: Остануваме во владината коалиција, во моментот најзначајни се уставните измени

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Пратеникот на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека остануваат во владината коалиција и посочи дека најзначајна работа во следниот период се уставните измени.

-Што се однесува до проблемите во коалицијата, мислам дека сега во овој период најзначајна работа ни се уставните измени, да видиме тие какви ќе бидат, какви ќе бидат амандманите што ќе се предложат од Комисијата. Има начин да разговараме и за уставните измени, меѓутоа и за сите проблеми што постојат во функционирањето на Владата, рече Балкоски.

Потенцира дека остануваат во коалицијата, меѓутоа, како што посочи, ќе ги кажат нивните ставови. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан