• недела, 22 декември 2024

Балкани противник на Шкупи во плејофот за Конференциската лига

Балкани противник на Шкупи во плејофот за Конференциската лига
Скопје, 12 август 2022 (МИА) – Косовската екипа Балкани е противникот на македонскиот шампион Шкупи во плејофот за Конференциската лига на УЕФА. Балкани синоќа на пенали беше поуспешен од Клаксвик од Фарски Острови. Натпреварот заврши со победа на домаќините од 2:1, но косовскиот тим на првиот дуел победи со 3:2, па пенал-серијата го реши патникот во баражот. Токму пеналите не и донесоа среќа на Шкендија кој синоќа беше елиминирана од АИК Стокхолм и не успеа да биде втората македонска екипа која ќе игра плејоф за Конференциската лига. Пресметките на Шкупи со Балкани ќе бидат на 18 и 25 август. зс/

Остани поврзан