• недела, 24 ноември 2024

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет
Скопје, 29 март 2022 (МИА) - Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Во балетската претстава настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. - За атрактивноста на оваа балетска претстава зборуваат позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба (9 март 2022) , која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, а особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената, соопштуваат од Националната опера и балет. фф/мд/

Остани поврзан