• четврток, 26 декември 2024

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на 50. Мајски оперски вечери

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на 50. Мајски оперски вечери
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) - Во рамки на јубилејното 50. издание на „Мајските оперски вечери“ во оф-програмата, на сцената на Националната опера и балет, вечер во 20.00 часот ќе биде изведена атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, балет во девет слики. Балетската претстава е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, а зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографија и режија е на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук. вг/сп/

Остани поврзан