• четврток, 26 декември 2024

„Баленсијага“ здолништа со облик на крпа, цена: 850 евра

„Баленсијага“ здолништа со облик на крпа, цена: 850 евра

Лос Анџелес, 16 ноември 2023 (МИА) - Модниот бренд „Баленсијага“ претстави здолништа што личат на крпи, во новата колекција за пролет 2024 година.

Како што пренесуваат медиумите, цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра), а модниот бренд објави дека здолништето веќе може да се нарача преку нивната интернет-страница. На промотивните фотографии манекенот ја има облечено „крпата“ - црна, па сива, обвиткана околу половината, со широки панталони под неа, а нагоре носи црна блуза со качулка и очила за сонце.

„Ова е апсурдно. Овие брендови ќе продаваат сѐ и сешто по толку смешно високи цени“, „Повторно ќе кажам, 'Баленсијага' спроведува експеримент. Ова е научно испитување на однесувањето. Не може да убедите оти не е така“, „'Баленсијага' е толку несериозна“, „Каква лудост е ова!?“ - се дел од коментарите.

И претставници на некои компании кои продаваат крпи за хигиена се пошегуваа дека продаваат исти такви „здолништа“, но по пониски цени.  си/

Фото: „Баленсијага“

Остани поврзан