• петок, 27 декември 2024

Балабанов: Апсолутна лага е дека Генчовска ќе поднесе оставка

Балабанов: Апсолутна лага е дека Генчовска ќе поднесе оставка
Софија, 14 април 2022 (МИА) - Станислав Балабанов, пратеник од бугарската партија Има таков народ (ИТН), како категорична и апсолутна лага ја оцени информацијата дека министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска се подготвува да поднесе оставка. Според него, министерката Генчовска е на нејзината позиција и воопшто не се зборува и не се разгледува варијанта за нејзина оставка, јави дописникот на МИА од Софија. - Категорично ги отфрламе овие гласини, такво нешто нема, додаде пратеникот од ИТН. Тој истакна дека сите користиме социјални мрежи и сто пати кажаната лага во одреден момент почнува да се прифаќа како вистина. нк/јт/

Остани поврзан