• четврток, 26 декември 2024

„Бакхи: Агава“, „Спасени“ и „Кенди“ вечер на МОТ

„Бакхи: Агава“, „Спасени“ и „Кенди“ вечер на МОТ

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во рамките на 48.издание на фестивалот МОТ, вечер на репертоарот ќе бидат театарските претстави од селекција за наградата Биш. На малата сцена на МНТ ќе биде прикажана претставата „Бакхи: Агава“, а во МКЦ ќе бидат прикажани „Спасени“ и „Кенди“.

Како што соопштија од тимот на МКЦ, „Бакхи: Агава“ е претстава што ги поставува прашањата за издржливоста, страдањето, но и моќта на една жена. Играат Симона Спировска и Александар Михајловски. Костимографија е на Ивана Каранфиловска Угуровска, а сценографија на Ангел Петровски. Автор е Еврипид, Тамара Барачков, во режија на Нина Николиќ.

„Спасени“ зборува за осаменоста на луѓето во ова сурово и цинично време. Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилната духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла.

Во претставата играат Хари Михајловски, Мирјана Трпковска, Васко Костовски, Кире Ацевски, Владимир Петровиќ, Јоанис Далајоргос, Ведран Чешарек, Елена Кузманов, Горан Ников, Ања Митиќ.

Сценографија е на Милка Черепналковска, а ссистент на сценографија е Екатерина Николовска. Автор е Томислав Зајец, во режија на Дамјан Костовски.

„Кенди“ е дуодрама што зборува за зависноста кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите. Играат Лео Поповиќ, Бобан Алексоски. Адаптација е на Тамара Стојаноска, а музика на Лука Тошев. Автор е Лук Дејвис и текстови од ХОПС, во режија на Тамара Стојаноска.бт/аа/

Фото/МКЦ

Остани поврзан