• четврток, 26 декември 2024

Баерн ја одреди цената за Алкантара

Баерн ја одреди цената за Алкантара
Минхен, 29 јули 2020 (МИА) – Раководството на Баерн Минхен е подготвено да го продаде играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Според „Билд“, минхенскиот клуб е подготвен да се раздели со 29-годишниот Шпанец за 30 милиони евра. Претходно беше објавено за интересот за играчот од страна на Ливерпул. Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 36 натпревари за Баерн, даде три гола и направи две асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на Шпанецот на 48 милиони евра. зс/

Остани поврзан