• четврток, 26 декември 2024

Баерн ја намали цената на Тијаго

Баерн ја намали цената на Тијаго
Минхен, 29 јули 2020 (МИА) - Баерн (Минхен) одреди цена за нивниот играч од средниот ред Тијаго Алкантара во износ од 30 милиони евра, пишува „Билд“. Ова е за 10 милиони помалку од претходната сума што ја постави клубот. Ова најверојатно се должи на потребата Баварците да продаваат за финансирање на нови пополнувања. Пред извесно време, изданието објави дека Баерн бара 40 милиони евра, додека од „Енфилд“ се подготвени да платат само 25 милиони евра за Шпанецот. Така, новата цена е значително поблиску до можностите на англискиот шампион. Клубот веќе се согласи со 29-годишниот играч за лични услови и сега останува само да постигне договор со германскиот тим. Весникот додава дека од Минхен планираат да купат нови играчи само ако се разделат со некои од нивните актуелни, како што се Тијаго и Корентин Толисо. Ханси Флик инсистира за четврто крило, додека се уште се водат преговори со Интер за престојот на Иван Перишиќ, чија цена и плата се премногу високи. Другата позиција каде ќе се бара засилување е десен бек.

Тагови

Остани поврзан