• четврток, 26 декември 2024

Баерн почна преговори за нов договор со Мусиала

Баерн почна преговори за нов договор со Мусиала


Минхен, 25 септември 2024 (МИА) – Раководството на Баерн Минхен почна преговори за нов договор со фудбалерот од средниот ред Џамал Мусиала, објави денеска весникот Спорт Билд.
Според истиот извор, членот на управата на Баерн, Макс Еберл и спортскиот директор Кристоф Фројнд неодамна имале средба со 21-годишната германска ѕвезда и неговиот агент во ресторан за да разговараат за иднината на Мусиала, чиј договор е до 2026 година.
Германскиот весник тврди дека на Мусиала му било кажано дека во него клупското раководство гледа наследник на Томас Милер и оти ќе биде искористен како заштитно лице на клубот на меѓународниот пазар на реклами. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан