• сабота, 23 ноември 2024

Баерн победи, Левандовски постигна гол петти натпревар во низа

Баерн победи, Левандовски постигна гол петти натпревар во низа
Минхен, 23 мај 2020 (МИА) - Баерн го совлада Ајнтрахт со 5:2 во последниот денешен дуел од 27. коло во Бундеслигата. Баварците ја вратија предноста од четири бода во однос на второпласираната Борусија Дортмунд. Еден од головите за Баерн го постигна Роберт Левандовски. Тој во 46. Минута го совлада гостинскиот голман и ја продолжи серијата од пет средби на кои постигна погодок. Претходно ја затресе мрежата на Келн, Унион Берлин во Бундеслигата, Челзи во Лигата на шампионите, а исто така постигна и два гола против Падерборн во германскиот шампионат. Левандовски оваа сезона има 27 гола во Бундеслигата и заедно со напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, го предводи списокот на најдобри стрелци во најдобрите пет лиги во Европа. Покрај 27 гола во германскиот шампионат, полскиот фудбалер постигна 11 во ЛШ и три во германскиот Куп. Левандовски постигнува 40 или повеќе голови за Баерн петта година по ред. Тој го направи најдобриот резултат во сезоната 2016/17 - 43 гола. зс/

Остани поврзан