• среда, 25 декември 2024

Баерн и Фулам си подадоа рака за Палиња

Баерн и Фулам си подадоа рака за Палиња

Минхен, 3 јули 2024 (МИА) - Баерн Минхен и Фулам постигнаа разбирање за трансферот на играчот од средниот ред Жоао Палиња, објавија Би-Би-Си, Скај Спортс и Скај Германија, како и голем број други авторитетни спортски медиуми. 28-годишниот играч од средниот ред е клучен дел од тимот на Португалија на тековното Евро 2024 и долго време беше баран од баварскиот гигант.

Сега двата клуба стиснаа рака за сума од 51 милион евра плус уште 5 милиони евра во вид на дополнителни бонуси, а тој уште треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи. Ова ќе биде и рекордна продажба во историјата на Фулам.

Палиња минатата сезона одигра 39 натпревари за „котиџерите“ на кои постигна 4 гола и даде една асистенција. Интересно, тој и минатата година беше блиску до преселба во Баерн во летниот преоден рок, Португалецот дури ги помина медицинските прегледи и позираше со баварскиот дрес, но на крајот неговиот трансфер не се реализираше.

Во тоа време, двата тима имаа начелно разбирање за сума од 65 милиони евра, но Фулам не можеше да најде замена за него и договорот на крајот пропадна. Сега, сепак, се чини дека овој пат Палиња ќе се пресели во Баерн. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан