• сабота, 23 ноември 2024

Баерн го назначи Компани за нов тренер

Баерн го назначи Компани за нов тренер


Минхен, 29 мај 2024 (МИА) – Најтрофејниот германски фудбалски клуб Баерн Минхен денеска го назначи Винсент Компани за нов тренер.
Компани досега беше тренер на англиски Барнли со кој имаше договор до 2028 година.
Белгискиот тренер во сезоната 2022/23 избори пласман во Премиер лигата со Барнли, но оваа сезона не успеа да го задржи тимот во елитната конкуренција, откако како претпоследен на табелата испадна во Чемпионшип.
Како што јави Би-Би-Си, Компани потпишал тригодишен договор со германскиот клуб, кој на Барнли ќе му плати отштета од околу десет милиони фунти.
„Голема чест е да се работи за овој клуб, Баерн е институција во меѓународниот фудбал“, изјави Компани.
Триесетиосумгодишниот Компани доаѓа во Баерн на местото на Томас Тухел, кој со тимот го зазеде третото место во Бундеслигата, со 18 бода помалку од шампионот Баер Леверкузен. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан