• сабота, 23 ноември 2024

Баербок: Русија ќе сноси последици ако ја нападне Украина

Баербок: Русија ќе сноси последици ако ја нападне Украина
Киев, 17 јануари 2022 (МИА) - Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека тензиите со Русија би можеле да се решат со дипломатија, но предупреди дека Москва ќе сноси последици ако ја нападне Украина. - Секој понатамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратешки, политички. Дипломатијата е единствен начин, истакна Баербок на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот колега Дмитар Кулеба. Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Украина и Германија се обединети за заживување на мировните преговори за ставање крај на војната во источниот дел на Украина. Баербок од Киев ќе отпатува за Москва. Разговорите помеѓу Москва и западните држави за распоредувањето на десетици илјади руски војници долж украинската граница завршија минатата недела без да биде постигнат напредок. Кибернападот врз Украина дополнително ги зголеми тензиите. бд/ми/

Остани поврзан