Баез го освои турнирот во Рио
- Аргентинскиот тенисер Себастијан Баез го освои трофејот на турнирот во Рио де Жанеиро (Бразил).

Рио де Жанеиро, 24 февруари 2025 (МИА) - Аргентинскиот тенисер Себастијан Баез го освои трофејот на турнирот во Рио де Жанеиро (Бразил).
Во финалето синоќа Баез го победи Французинот Александре Мулер со 2-0, по естови 6:2 и 6:3. Мечот траеше 1 час и 27 минути.
Дваесет и четиригодишниот Аргентинец имаше три аса и реализираше пет брејк топки од вкупно 12 шанси.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 2,4 милиони долари.
Ова е седма АТП титула за Баез.
И минатата година Аргентинецот го освои турнирот во Рио де Жанеиро. зс/
Фото: ЕПА